Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Куманово, Берово, Скопје и Виница

Куманово е градот во кој наврна најмногу дожд во изминатото деноноќие (26 литри на метар квадратен). Во Берово наврна 23 литри, додека во Скопје и Виница 17.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 7 часот (во l/m2)
26 Куманово, 23 Берово, 17 Скопје-Петровец, Виница, 12 Прилеп, 9 Крива Паланка, Штип, 6 Пожаране, 5 Крушево, Ѓуриште, 4 Велес, 3 Битола, Гевгелија, Попова Шапка, Пожар-Радовиш, 2 Тетово, Претор, Демир Капија, Струмица, 1 Охрид, Тополчани.
Од УХМР со забелешка дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 17 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…