Објавено на:

Најскапиот ред во светот: Познато е колку милиони ќе инкасира Иран за само 14 дена ‘пропусница’ низ Ормут

t

Бродовите што во моментов се наоѓаат во Персискиот Залив ќе му овозможат на Иран приход од над 360 милиони долари во текот на двонеделното примирје, пренесува агенцијата „Тасним“. Според податоците на аналитичката компанија „Кеплер“, ситуацијата на теренот е драматична: 182 брода со вкупно 172 милиони барели сурова нафта чекаат дозвола за премин.

Аналитичарката Аменех Бакр наведе дека со договорената патарина од два милиони долари по брод, Иран ќе инкасира вкупно 364 милиони долари. Ова е директна последица на договорот за прекин на огнот меѓу Иран и САД, кој од корен ги промени правилата за пловидба во овој дел од светот.

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, потврди дека транзитот ќе се одвива исклучиво во координација со иранската војска.

-Безбедниот премин ќе биде можен земајќи ги предвид техничките ограничувања и строгата координација со нашите вооружени сили – прецизира Аракчи.

Овој потег се смета за една од најважните точки на примирјето бидејќи додека осигурува непречен проток на енергенти без ризик од војна, истовремено ја легализира иранската економска и воена контрола над најважниот светски пловен пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најскапиот ред во светот: Познато е колку…

Бродовите што во моментов се наоѓаат во…

Уставен ги поништи законските измени за намалувањето…

Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница…

Ацо Ристов избран за нов претседател на…

Собранието денеска го избра Ацо Ристов за…

Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…

Советот на јавните обвинители на денешната седница…