Објавено на:

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар

t

Во Берово утрово е најстудено, со измерени минус два степени, а најтопло е во Дебар, десет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Демир Капија и Куманово, нула степени во Попова Шапка, Струмица и Велес, еден во Скопје-Петровец, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, два во Дојран, Тетово, Штип и Скопје-Зајчев Рид, три во Битола и Лазарополе, четири во Крушево, Маврови Анови и Виница, пет во Претор, седум во Прилеп и осум степени во Охрид.

УХМР информира дека вдолж Повардарието и понекаде во котлините се формира магла. Од запад, како што наведуваат, се преместуваше променлива облачност. Утринава е променливо облачно, а магла има во Скопје, Куманово, Демир Капија, Гевгелија и Струмица. Дува слаб, а на повисоките места (Ѓуриште и Тополчани) умерен ветер претежно од западен до југозападен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Од пладневните часови во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, претежно во пладневните часови краткотрајно со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Тешко повреден е работник од Берово откако…

Работник од Берово на 68-годишна возраст е…

Преку СМС пораки му се заканувал на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Изгоре стан во Дебар, нема повредени лица

Вчера во 08:38 часот во ОВР Дебар…

Во Дебар светиот крст го фати малиот…

Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски,…