Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со кола следел службеници што дошле да го спречат
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава откако, според пријавата во МВР, узурпирал деловен објект, а кога дошле службеници од АД за стопанисување со станбен и деловен простор кои требало да го спречат, тој ги следел со автомобил и бил агресивен, а се обидел да им земе и службен телефон.
„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.З.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 29.10.2026 во Дебар, пријавениот со агресивно однесување, закани и заплашување кон службени лица од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, се обидел да ги спречи во извршување на службени дејствија со цел спречување на узурпација на деловен објект која истиот ја вршел на еден од објектите во Дебар, во државна сопственост. Пријавениот, со негов автомобил го следел, пресретнал и го застанал службеното возило на Агенцијата и се обидел, со викање и непристојно однесување, да им го одземе службениот телефон“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…
52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…
Изгоре стан во Дебар, нема повредени лица
Вчера во 08:38 часот во ОВР Дебар…
Во Дебар светиот крст го фати малиот…
Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски,…
Почина дебранец при пад од зграда на…
Жител на Дебар денеска претпладне го загуби…
Малолетници тепале ученик во училиште во Дебар
Во училиште во Дебар малолетници претепале ученик,…