На прав пат сме: Во Скопје почнаа да се казнуваат и моторни возила со валкани тркала
Инспекторатот на општина Центар информираше дека во текот на вчерашниот ден изречена е казна за вклучување во сообраќај моторни возила со валкани тркала.
-Зголемена е контролата на градилиштата. Поделени се Известувања со обврски согласно Законот за јавна чистота. Се информираат изведувачите на градежни објекти да не вклучуваат во сообраќај моторни возила со валкани тркала, да не оставаат градежен шут, отпад и градежен материјал, освен на места определени за таа намена, да не се пали и уништува смет. Да не се палат огнови на отворено за греење на работниците. Сите возила што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади, заради контрола на прашината, велат од Инспекторатот.
Комуналната инспекција при општина Центари во следните денови ќе продолжи со засилени инспекции и контроли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…