Објавено на:

На 115 години почина најстарата докторка на светот

t

Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава, која во текот на животот стана позната по исклучителна долговечност и фактот и на длабока старост остана активна.

Кагава почина на 115 години и 91 ден минатиот четврток, оставајќи зад себе необична професионална кариера и едноставни животни навики на кои им ја припишуваше својата виталност. Доктор Кагава беше најстарата личност во Јапонија.

Шигеко Кагава беше гинеколог-акушер и специјалист по интерна медицина. Како докторка работела и во текот на Втората светска војна, кога била ангажирана во болницата во Осака. Подоцна отворила и водела приватна ординација во префектурата Нара.

Не се откажала од своите активности дури ни во длабоката старост. Еден од впечатливите моменти се случи кога, на 109 години, учествуваше во носењето на олимпискиот факел пред Олимписките игри во Токио.

Одењето како најголем сојузник

Кога ја прашале како успеала толку долго да остане активна, докторката не зборувала за скапи третмани, специјални суплементи или ригорозни режими. Наместо тоа, најчесто нагласувала нешто сосема едноставно – одењето.

„Мојата долговечност е вкоренета во мојата навика да пешачам толку многу и долга низа години.“

Според неа, таков начин на живот настанал уште кога била млада докторка. Во време кога автомобилите не биле секојдневие, до своите пациенти често морала да стасува пеш.

„Кога бев докторка, немаше автомобили како денес. Носев традиционални дрвени кломпи и поминував огромни растојанија пеш за да ги прегледампациентите. Мислам дека токму тоа ме направи силна и здрава.“

Долгогодишното пешачење станало дел од нејзиниот секојдневен живот. Дури и кога не била на работа, не се откажувала од таа навика, а неретко и одела пеш и до пациентите кои ја повикувале во текот на ноќта.

Екстремни режими

Нејзиното семејство подоцна открило за медиумите дека докторката немала комплициран план за исхрана ниту применувала некакви необични методи. Напротив, таа се држела до рутините кои со години ги повторувала.

Јадела три оброци дневно и се обидувала да ги консумира приближно во исто време. Не сакала прејадување, туку избирала помали количини храна богата со хранливи состојки. Во подоцнежните години меѓу намирниците што често ги избирала биле тофу, јајца и црн грав.

Слична дисциплина имала и кога станува збор за спиењето. Кагава се трудела да оди во кревет и да се буди приближно во исто време, без поголеми отстапувања.

Нема никави тајни за долговечноста

За Кагава долговечноста не била само прашање на физичка активност и храна. Посебно внимание обрнувала на тоа да остане ментално активна и да не го изгуби интересот за секојдневниот живот.

Читала весници, се занимавала со калиграфија, а користела и таблет за да игра игри наменети за вежбање на мозокот. На овој начин, дури и во длабока старост, ги одржувала своите ментални активности.

На прашањето која е нејзината тајна, таа одговорила:

„Немам никаква тајна. Јас само си играм секој ден. Мојата енергија е мојот најголем имот. Одам каде што сакам, јадам што сакам и правам што сакам. Слободна сум и независна.“

Нејзината животна приказна така останала врзана за неколку едноставни принципи: што е можно повеќе движење, умерена исхрана, редовен сон и секојдневна ментална активност.

Иако ниедна навика не може да гарантира долг живот, примерот на д-р Кагава покажува колку многу ѝ значело да остане подвижна, активна и заинтересирана за светот околу себе дури и во длабоката старост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 115 години почина најстарата докторка на…

Јапонија се збогува со д-р Шигеко Кагава,…

Америка ќе распоредува ракети во Јапонија —…

Русија денеска ги осуди претстојните заеднички воени…

(Видео) Тајфун со налети на ветер до…

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…

Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…

Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…

Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…

Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…