Невреме ја зафаќа Македонија: Следуваат пороен дожд, грмежи, силен ветер и град – еве до кога
По неколкудневните високи температури, Македонија влегува во период на нестабилно време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок земјава ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови кои ќе донесат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, грмежи и локални невремиња.
Метеоролозите предупредуваат дека на повеќе места атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни. Се очекуваат поројни врнежи со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, чести електрични празнења, засилен ветер со брзина поголема од 60 километри на час, како и локална појава на град.
Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено при движење на отворено и во планинските предели, каде временските услови може нагло да се влошат. Возачите се советуваат да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот, а земјоделците да преземат мерки за заштита на посевите од евентуален град.
Според прогнозите, нестабилното време ќе се задржи до крајот на работната недела, по што следува посвеж период. За време на викендот температурите ќе бидат пониски, а ќе дува умерен до засилен северен ветер, што дополнително ќе придонесе за освежување по долгите денови со екстремно високи температури.
Од УХМР препорачуваат граѓаните редовно да ги следат најновите временски информации и навреме да се информираат за можните предупредувања доколку се очекуваат поинтензивни временски непогоди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невреме ја зафаќа Македонија: Следуваат пороен дожд,…
По неколкудневните високи температури, Македонија влегува во…
Штипјанец се обидел да ѝ ја запали…
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40)…
Пожар во близина на македонско-грчката граница кај…
Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во…
Македонската полиција формираше Task Force, поинтензивна борба…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Се одложува затворската казна за Јакимовски поради…
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,…