Нема да има исплата во кеш, пари исклучиво на сметка: Се подготвуваат измени на законот за брзите кредити
Министерство за финансии работи на измени на Законот за финансиските друштва со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во секторот. Поконкретно ова се однесува за поголема контрола на брзите кредити.
Се предвидува воведување задолжителни внатрешни тела, како одбори за ревизија и кредитен ризик, како и построги услови за отворање нови деловни простории. Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските друштва. Кредитите повеќе нема да се исплаќаат во готовина, туку исклучиво преку банкарска сметка.
Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека мерките следуваат по контроли кои откриле слабости и неправилности во работењето на дел од друштвата. Во одредени случаи биле преземени мерки, вклучително и одземање лиценци. Целта е поголема заштита на граѓаните и повисоки стандарди во финансискиот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема да има исплата во кеш, пари…
Министерство за финансии работи на измени на…
Проект „Градски воз“: Од Центар до Маџари…
За речиси пет минути со воз од…
Алиу: Време е да поставиме граници и…
Зависноста од коцкање не е само општествен,…
Перински: Создаваме систем преку кој полесно ќе…
Во рамки на караванот „Каде што срцето…
Ќе се исечат 25 дрвја низ Центар,…
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ во…