Алиу: Време е да поставиме граници и да ги заштитиме децата од зависноста од коцкање
Зависноста од коцкање не е само општествен, туку и сериозен здравствен проблем, поради што се неопходни мерки за нејзино спречување, порача министерот за здравство Азир Алиу во видео-обраќање по повод Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој веќе помина во прво читање во Собранието.
Алиу истакна дека коцкањето не може да се смета за обична забава кога прераснува во навика и зависност што остава последици врз поединците и нивните семејства.
„Не може да зборуваме за коцкањето дека е забава, кога истото станува навика и зависност. Кога влегува во семејството како долг, стрес, вознемирување и кога подмолно се вгнездува во животот на младите уште пред да созреат“, нагласува министерот.
Тој посочи дека како прв човек на здравствениот сектор има обврска јавно да предупреди дека зависноста претставува здравствен ризик, а најдобриот начин за справување со неа е навремената превенција.
Во таа насока, Алиу изрази поддршка за законските измени кои предвидуваат поголеми ограничувања за приредувачите на игри на среќа, особено во делот на нивната близина до образовните институции и рекламирањето насочено кон младите.
„Ја поддржувам секоја законска мерка што ќе ги тргне кладилниците и коцкарниците подалеку од училиштата и што ќе го намали рекламниот притисок врз младите“, порача тој.
Според министерот, станува збор за прашање кое директно влијае врз менталното здравје на граѓаните, стабилноста на семејствата и иднината на младите генерации.
„Ова е битка за менталното здравје, за семејствата и за иднината на децата. Вреди да поставиме граници“, истакна Алиу.
Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри во наредниот период ќе биде предмет на понатамошна собраниска процедура и разгледување од страна на пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алиу: Време е да поставиме граници и…
Зависноста од коцкање не е само општествен,…
Перински: Создаваме систем преку кој полесно ќе…
Во рамки на караванот „Каде што срцето…
Ќе се исечат 25 дрвја низ Центар,…
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ во…
Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту…
Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во гостување…
29 проценти Албанци на хартија, само 13…
Газменд Алиу од ВЛЕН денеска на прес-конференција…