Ќе се исечат 25 дрвја низ Центар, биле суви, заболени и небезбедни

t

Екипи на ЈП  „Паркови и зеленило“ во наредниот период ќе сечат и кастрат дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, информираа од Општина Центар.

Согласно решенијата донесени од Град Скопје после извршен стручен увид на терен, само на „Ленинова“ на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“, е предвидено сечење на 3 и кастрење на 13 дрвја.

Според стручниот увид, дрвјата предвидени за сечење се биолошки деградирани, суви, заболени, мртви, или со нарушена стабилност на кореновиот и стеблениот систем, поради што претставуваат потенцијален ризик за безбедноста на јавниот простор. Кај дел од останатите дрвја е потребно кастрење поради суви и надвиснати гранки, тврдат од Центар.

Оттаму додаваат дека дрвјата што ќе бидат исечени ќе бидат заменети со нови садници постари од шест години во ист број и од истиот вид, кои ќе бидат засадени на истата локација каде што е извршено сечењето.

Инаку и на двете улици во тек е реконструкција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека лидерката…

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените…

Европската Унија ги оцени како длабоко загрижувачки…

Виткоф: постигнат дипломатски напредок во напорите за…

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, по денешната…

Првични извештаи за засилена активност на израелската…

Засилена активност на израелското воено воздухопловство е…

(Видео) Голем пожар на дива депонија меѓу…

Голем пожар избувна на дива депонија лоцирана…