Објавено на:

Нема сакам, не сакам: Пленковиќ им нареди на трговците до петок да ги вратат старите цени на производите

t

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денес ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија при претворањето од куна во евро, кое од годинава стана официјална валута на земјата.

„Се случи дел од деловните субјекти да го искористат тоа што куната се менува за евро и да ги покачат цените под превезот на „заокружување“, изјави Пленковиќ на новинарите во Загреб.

Тој посочи дека Владата нема да се двоуми и ќе ги искористи алатките што ги има веќе овој петок, како што се откажување на субвенциите и зголемување на даноците.

Нема да дозволиме стратешкото достигнување на власта и државата да биде загрозено од некои од актерите на сцената со нивното неодговорно однесување“, нагласи премиерот.

Тој оцени дека дел од трговците се однесувале „измамнички“, бидејќи цените ги „заокружиле“ на многу повеќе од очекуваното, за неколку центи, што, додаде, им штети на граѓаните и на стопанството.

Во Хрватска официјална валута е еврото од 1 јануари, а куната може да се користи до недела, 15 јануари.

До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе можат да се менуваат за евра во пошти, деловни банки и филијали на ФИНА, а потоа од 2024 година во Хрватската народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина

Мал авион денеска претпладне се урна во…

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…

Хрватска субвенционира купување автомобили за семејства со…

Иван Шипиќ, министерот за демографија и имиграција,…

Хрватска ќе тргне наплатните рампи, од март…

Од почетокот на март 2027 година, Хрватска…

Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…

Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…