Објавено на:

Нема сакам, не сакам: Пленковиќ им нареди на трговците до петок да ги вратат старите цени на производите

t

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денес ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија при претворањето од куна во евро, кое од годинава стана официјална валута на земјата.

„Се случи дел од деловните субјекти да го искористат тоа што куната се менува за евро и да ги покачат цените под превезот на „заокружување“, изјави Пленковиќ на новинарите во Загреб.

Тој посочи дека Владата нема да се двоуми и ќе ги искористи алатките што ги има веќе овој петок, како што се откажување на субвенциите и зголемување на даноците.

Нема да дозволиме стратешкото достигнување на власта и државата да биде загрозено од некои од актерите на сцената со нивното неодговорно однесување“, нагласи премиерот.

Тој оцени дека дел од трговците се однесувале „измамнички“, бидејќи цените ги „заокружиле“ на многу повеќе од очекуваното, за неколку центи, што, додаде, им штети на граѓаните и на стопанството.

Во Хрватска официјална валута е еврото од 1 јануари, а куната може да се користи до недела, 15 јануари.

До крајот на 2023 година, банкнотите и монетите куни ќе можат да се менуваат за евра во пошти, деловни банки и филијали на ФИНА, а потоа од 2024 година во Хрватската народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…

ХДЗ слави победа во Хрватска

Гордан Јандроковиќ, спикерот на последниот состав на…

Хрватска има еден милион пензионери, се намалува…

Податоците од пописот за 2021 година покажаа…

Авиони над Загреб: Американската амбасада изведува вежба…

Американската амбасада во Загреб соопшти дека денеска…

Хрватска очекува поголем економски раст од просекот…

Економијата на еврозоната веќе некое време е…