Објавено на:

Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од градежна машина тешка над 15 тони

t

Во тешка работна несреќа што се случила во понеделникот навечер, 31-годишен државјанин на Северна Македонија се здобил со сериозни повреди откако бил приклештен меѓу бетонски ѕид и градежна машина во индустриско претпријатие во австриската општина Едт кај Ламбах.

Инцидентот се случил околу 19 часот, кога полицијата добила пријава и веднаш се упатила на местото на настанот. При пристигнувањето, полицајците затекнале тешко повреден работник, кој со ногата бил згазнат од радладер тежок над 15 тони. Возач на машината бил негов 26-годишен сонародник, кој, според првичните информации, управувал со возилото во моментот на несреќата.

По итната интервенција на медицинските служби, повредениот бил стабилизиран и со хеликоптер на итната медицинска служба „Мартин 3“ пренесен во Ургентната болница во Линц. Надлежните органи го истражуваат случајот за да утврдат како дошло до несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Страшно невреме во Германија: торнадо корнеше…

Силно невреме вчера зафати делови од Германија…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…

Германија се соочува со хибридни напади од…