Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по случаите со дронови изминативе денови
Германија се соочува со хибридни напади од странство на дневна основа, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, откако два дрона беа забележани над воена база во западна Германија, само неколку дена откако на аеродромот во Лајпциг беше пронајден дрон со експлозив.
Добринт за весникот „Билд ам Зонтаг“ изјави дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв, објави Ројтерс, повикувајќи се на тоа дека германските медиуми претходно објавија дека германската влада планира да ги зајакне своите одбранбени капацитети против дронови за да одговори на можни закани.
„Ние не сме во војна, но сме секојдневна цел на хибридна војна. Шпионажата, саботажата, сајбер нападите или тајните операции на странски сили насочени кон дестабилизација на Германија или предизвикување директна штета се постојана реалност“, рече Добринт.
Повикувајќи се на владини извори, „Билд“ објави дека министерството на Добринт сака да го удвои федералниот тим експерти за борба против дронови од 150 на 300 и мрежата на поврзани бази од четири на осум.
Германските вооружени сили вчера соопштија дека два дрона биле забележани доцна во четвртокот навечер над локацијата на германска воена база во Мехерних, во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Дронови погодија брод во близина на бугарскиот…
Контејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…