Не е шега: Јапонија ги повикува младите да пијат повеќе алхохол

Младите Јапонци не пијат многу алкохол, па сега властите се обидуваат да им ја сменат оваа навика. Помладите генерации пијат помалку алкохол од нивните родители и сето ова влијае врз даноците од алкохолни пијалаци. Националната даночна служба објави кампања со наслов на „Да живее сакето“. Со оваа кампања тие сакаат пиењето да го направат попривлечно и со тоа да се поттикне индустријата, пренесува Би-би-си
Новите навики стекнати во пандемијата на Ковид-19 доведоа до падот на продажбата на алкохол. Во новата кампања лицата на возраст од 20 до 39 години треба да понудат идеи преку кои ќе се зголеми побарувачката на алкохол меѓу нивните врсници, без оглед разлика дали е саке, виски, пиво или вино.
Учесниците во кампањата треба да понудат идеи до крајот на септември. Последните бројки покажаа дека просечниот Јапонец пиел 100 литри алкохол во 1995, а само 75 литри во 2020, што се одразило и врз приходите од даноците. Во 1980 тие изнесувале 5%, а во 2020 само 1,7%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Листа на најмоќните земји во светот
САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји…
САД, Јапонија и Јужна Кореја се загрижени…
САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија „загриженост“…
Јапонскиот МНР вчера пристигна во ненајавена посета…
Шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши вчера…
Медведев ја предупреди Јапонија да учи од…
Јапонските власти водат политика во насока на…
Македонските одбојкари поразени од Јапонија
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис…