Не е шега: Јапонија ги повикува младите да пијат повеќе алхохол

t

Младите Јапонци не пијат многу алкохол, па сега властите се обидуваат да им ја сменат оваа навика. Помладите генерации пијат помалку алкохол од нивните родители и сето ова влијае врз даноците од алкохолни пијалаци. Националната даночна служба објави кампања со наслов на „Да живее сакето“. Со оваа кампања тие сакаат пиењето да го направат попривлечно и со тоа да се поттикне индустријата, пренесува Би-би-си

Новите навики стекнати во пандемијата на Ковид-19 доведоа до падот на продажбата на алкохол. Во новата кампања лицата на возраст од 20 до 39 години треба да понудат идеи преку кои ќе се зголеми побарувачката на алкохол меѓу нивните врсници, без оглед разлика дали е саке, виски, пиво или вино.

Учесниците во кампањата треба да понудат идеи до крајот на септември. Последните бројки покажаа дека просечниот Јапонец пиел 100 литри алкохол во 1995, а само 75 литри во 2020, што се одразило и врз приходите од даноците. Во 1980 тие изнесувале 5%, а во 2020 само 1,7%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тајфун со налети на ветер до…

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…

Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…

Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…

Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…

Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…

Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија…

Бројот на жртви од земјотресот со јачина…

13 лица загинаа во земјотресот во Јапонија…

13 лица беа пронајдени мртви додека спасувачките…