НЕ ОСТАНАА БЕЗ ФУНКЦИИ: Милевски ќе биде амбасадор во Љубљана, Адеми во Мадрид
Доскорешниот лидер на ЛДП и поранешен министер за локална самоуправа, Горан Милевски ќе биде нов македонски амбасадор во Љубљана, Словенија.
Едмонд Адеми ќе замине во Мадрид, Шпанија.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите соопшти дека процедурата и за двајцата е завршена и дека за нив се добиени агремани.
Засега останува спорно што ќе се случува со Виктор Димовски кој требаше да замине за амбасадор во Париз, но по скандалот со Олександр Онишченко неговото заминување е под прашање.
Османи најави дека допрва ќе има консултации со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски по што ќе се донесе конечна одлука дали Димовски ќе оди во Париз или не.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
„Волстрит џурнал“: НАТО подготвува планови за удари…
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…