„Не сум ни јас безгрешен, ѝ се извинувам на Фалангата“

t

Кире Лазаров презеде одговорност по поразот од Аргентина, признавајќи дека ова е нашата реалност. Меѓутоа, се осврна и на незадоволството на „Фалангата“, која со свирежи ги испрати од теренот.

Селекторот понуди извинување за лошите претстави и објасни дека таа колку што претставува помош за играчите, толку има право да очекува добар натпревар.

„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Тие се дел од нас, затоа имаат и големи очекувања. Јас ги разбирам играчите дека ова е еден голем притисок, јас сум го имал тој притисок уште како капитен. Кога ќе свикаат ‘сакаме победа’ 2.000 луѓе пред почеток не им е сеедно на овие млади момци, тие може да признаат, може не, но јас знам дека имаат притисок, за добра претстава, камо ли за победа“, истакна Лазаров.

Дополни дека одговорноста е негова и сега ќе почнат да градат од нула, без очекувања.

„Јас преземам одговодност целосно, видовме до каде сме, но сегание мораме да почнеме од почеток и без очекувања, така побрзо ќе се кренеме. Сигурен сум дека ќе го дигнеме нивото за да можеме да парираме на вакви репрезентации. Се надевам дека веќе следното Европско ќе биде доста подобро“, рече селекторот.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЕТАНЈАХУ СО ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Радикалниот ислам ја…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати драматично предупредување…

Клековски: Има отпор на Клиниката за онкологија…

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска истакна…

Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…

Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…

Гаши од Рокас го прими Извештајот на…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…

Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…

Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…