Новак Ѓоковиќ сепак ќе биде депортиран од Австралија со одлука на Владата?

t

Српскиот тенисер би можел уште вечерва да биде депортиран, пренесува австралискиот новинар Пол Бонџорно.

Иако Новак Ѓоковиќ ги победи австралиските власти и ја доби „назад“ својата виза, министерот за имиграција Алекс Хоук има право да го депортира без обзир на судската пресуда.

Првично е најавено дека одлуката ќе биде донесена неколку часа по пресудата, но до овој момент министерот ја одложува својата одлука. Причината поради која се чека се консултации со премиерот Скот Морис, како проширување на истрагата за Ѓоковиќ.

Новинарот и колумнист на весникот „Сандеј Пејпер“ Пол Бонџорно на својот Твитер профил пишува дека има информации дека Алекс Хоук во четврток сепак ќе го депортира Новак Ѓоковиќ од Австралија.

Засега тоа го нема потврдено ниту еден друг новинар, но Бонџорно е добро познато новинарско име во Австралија. Искусниот новинар веќе со години се занимава со политички теми, а веќе пишуваше во врска со депортацијата на Новак Ѓоковиќ.


– Слушам дека Алекс Хок вечерва ќе го депортира Новаќ Ѓоковиќ – напиша Пол Бонџорно.

Потсетуваме, Новак Ѓоковиќ во текот на ноќта се огласи и објасни што се е погрешно во документите, но и неговото движење иако знаел дека е позитивен на коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хакери ја тероризираат Австралија: Дајте 10 милиони…

Хакери бараат речиси 10 милиони долари за…

Чарлс Трети прогласен за монарх на Австралија

Кралот Чарлс III од Велика Британија и…

Премиерот на Австралија ѝ оддаде почит на…

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска и оддаде…

(Фото) Македонците од двојазично училиште во Мелбурн…

Основното училиште „Лејлор Норт“ во Мелбурн, во…

Платформа за тргување со криптовалути по грешка…

Платформата за тргување со криптовалути Крипто.ком случајно…