Новата потпретседателка на СДСМ: Мора да ја отстраните перцепцијата дека сме нeпријатели со Бугарија
Црвените линии остануваат, нема да се преговара за јазикот и за идентитетот, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска. Запрашана за начинот на кој новото партиско раководство ќе се постави во проблемот со Бугарија, Стојчевска вели:
„Морам да напоменам дека нашите црвени линии се истите. Јазикот и идентитетот не ги преговараме. Ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик. Верувам дека ќе се продолжи со позитивен дискурс, со позитивна политика, бидејќи мора да разбереме дека не се преговара само за историјата. Со Бугарија треба да преговараме на уште многу други полиња, како инфраструктурата, културата, образованието, економијата и тн. Мора да ја отстраните перцепцијата дека сме еден на друг непријатели“, вели Костадиновска Стојчевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија го одобри нацрт-договорот со Македонија за…
Бугарската влада го одобри нацрт-договорот меѓу Република…
Режимот дефинитивно се враќа, Мицкоски сака да…
Режимот дефинитивно се враќа. Најавите на Мицкоски…
Јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја…
„Цели 20 дена Тошковски не знае каде…
СДСМ се враќа посилен, не е веќе…
Секогаш ќе се бориме за праведно, демократско…
СДСМ: Скандалозно, ДПМНЕ смени закон за ВЛЕН…
Прес конференција на СДСМ, Розалија Ангеловска –…