Објавено на:

Нова провокативна изјава на Медведев: Прашање на време е кога Алјаска пвторно ќе биде наша

t

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев се заканува на САД. Тој реагира на изјавата на претставникот на американскиот Стејт департмент кој кажа дека Русија нема да го добие назад полуостровот Алјаска.

„Според претставникот на Стејт департментот, Русија нема да ја добие назад Алјаска, која ја продаде на Америка во 19 век. Тоа е тоа тогаш, а ние очекувавме дека е само прашање на денови кога повторно ќе стане наша. Сега војната е неизбежна“, напиша Медведев на социјалните мрежи.

Претходно, заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател изјави дека „рускиот претседател Владимир Путин нема да ја добие назад“ Алјаска. Вака тој одговори на прашањето на еден од новинарите кој тврди дека Путин наводно потпишал указ дека продажбата на Алјаска е „незаконска“. Но, на порталот каде се објавуваат правни акти, таков документ не постои.

Алјаска е најсеверната и територијално најголемата држава во САД. Лоцирана е на северозапад од Северна Америка и дели поморска граница со Русија во Беринговиот Теснец. Алјаска била откриена од руска експедиција во 1732 година и била во сопственост на Русија, но била предадена во 1867 година по договор меѓу владите на Руската империја и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…

Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Москва го пофали Радев

Москва забележува промена во реториката на Софија…

САД се подготвени да го зголемат економскиот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…