Нова пpoвокација: Бугарското ВМРО ќе одржи панихида за „Kpвавото Коледе“

t

Порталот Гласове.бг објави текст на бугарското ВМРО во кој се најавува панихида за настаните на скопското Кале од 1945 година. Панихидата ќе се одржи на 7 јануари во софиската црква „Света Софија“.

Текстот претставува нова бугарска провокација, зашто изобилува со отворени манипулации и невистини, особено со бројките, што се користат, и отворено бара соодветни реакции на нашите борци и историчари со изнесување на вистината за настаните, иако за нив досега е пишувано безброј пати.


За да нема недоразбирања, текстот го пренесуваме во целост:

На панихидата ќе присуствуваат бугарскиот претставник во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО, Ангел Џамбаски, организацискиот секретар Јулијан Ангелов, членот на националното раководство Александар Сиди, претставници на Бугарското здружение на родовите од Македонија, претставници на Македонскиот научен институт, граѓани.

Во текот на јануари 1945 година започнуваат политичките репресии во Титова Југославија во кои се ликвидирани или малтретирани без суд и пресуди илјадници луѓе со бугарска самосвест во Вардарска Македонија. Бидејќи репресиите започнуваат на 7 јануари-празникот Раѓањето Христово (Коледе) според стариот стил, тие остануваат во историјата како Крвавото Коледе или Крвавиот Божик.

На 6 спроти 7 јануари 1945 година започнало масовно истребувае на кметови, свештеници, учители, обични селани од цела Македонија. Тие биле нарекувани „бугараши“ и „соработници на бугарскиот фашистички окупатор“. Се користел штотуку донесениот закон за заштита на македонската чест. Целта е насилно србизирање на Вардарска Македонија.

Предисторија

На 26 декември 1944 година во касарните во Скопје и Штип се бунтуваат неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не се согласувале со пристигнатата од Белград наредба да заминат на фронтот во заштита на Србија. Ја декларирале својата желба војската да се насочи кон Солун за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија.

Емисарите на Тито, Светозар Вукмановиќ-Темпо, Лазар Колишевски и генерал Михајло Апостолски одлучуваат дека сега е моментот за расчистување со приврзаниците на „бугарскиот окупатор“. Тие околу себе ги собираат српските офицери и им велат дека побунетите се „бугараши“, „ванчомихајловисти“, „ВМРО-вци“ и „фашисти“.

Генерал Апостолски со трикови ги повикува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје „за да го разгледаат прашањето“ каде веднаш ги разоружуваат, апсат и ги затвараат во подземјето на старата турска тврдина „Калето“. По кратко испрашување водено лично од Темпо, само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред стрелањето Темпо на секого му вели „Хоќеш Солун, ево ти га…“.

Војниците, кои веќе биле прибрани во касарните, почувствувале дека нешто се случува со нивните офицери и околу 1.000 од нив одново се упатуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои врз нив почнуваат безмилосна рафална стрелба. На плоштадот се убиени околу 100, 900 се уапсени и затворени во „Калето“ каде повеќе од еден месец ги држат без леб, вода и прекривки. Речиси сите умираат од глад и студ.

Македонското крваво Коледе

Југословенската компартија го подготвува крвавиот пир по лична наредба на маршалот Јосип Броз Тито, а списоците на луѓето, кои треба да бидат ликвидирани, се составени од локалниот комунистички шеф Лазар Колишевски. Целта на акцијата е да се избрише бугарската самосвест во Македонија.

Само на 7 јануари се убиени 1.200 Бугари, а во текот на наредните денови смртта ја наоѓаат уште 23.000 Бугари. 130.000 Бугари се иселени, прогонети и притворени и испратени во концлогорите на Титова Југославија.

Најцрни точки се патот меѓу Охридското и Преспанското езеро и чукарите на Галичица крај с.Тешево. Телата на многу од убиените се фрлани директно во езерата. Во Велес телата се закопани зад црквата „Св.Спас“ и крај Пуста кула.

Од репресиите се засегнати сите градови во Вардарска Македонија, а во некои се ликвидирани цели семејства. Најмногу настрадале претставници на интелигенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали влегувањето на Украина и Грузија во…

Хистеријата во медиумите за намерите на Русија…

Партиска реорганизација: Проширување на Извршниот комитет и…

ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе има нов состав на…

Пак ја заобиколи Македонија: Гугл вложува милијарда…

Ова вложување на компанијата ќе и донесе…

Москва го прошири списокот на луѓе од…

Москва одлучи да ја прошири листата на…

Мицкоски: Техничката влада беше целосно нефункционална и…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното…