Нова штета на преминот вреден стотици илјади евра: „Влајко“ привремено затворен

t

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае е привремено затворен откако денеска повторно бил оштетен во вандалски напад.

Од Општина Карпош информираат дека на објектот е причинета материјална штета и предупредуваат дека неговото користење во моментов може да претставува ризик за граѓаните.

Според објавените информации, искршени се стакла и оштетени се делови од просториите во преминот.

Засега не е соопштено колкава е материјалната штета, ниту кога точно објектот повторно ќе биде отворен.

Од Општината најавија дека јавноста дополнително ќе биде известена откако ќе бидат создадени услови преминот повторно безбедно да се користи.

„Влајко“ и во минатото повеќепати бил мета на вандализам. Меѓу најчесто оштетуваните делови бил и лифтот на објектот.

Пешачкиот премин бил изграден со цел учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ и останатите граѓани побезбедно да го преминуваат булеварот „Партизански одреди“.

Пред најновото затворање, преминот функционирал од понеделник до петок, од 6:45 до 21 часот, додека во текот на ноќта бил заклучуван токму поради претходните проблеми со вандализам.

Објектот бил изграден во 2006 година во близина на мостот „Обединети нации“, а неговата изградба чинела околу 600.000 евра.

Покриениот премин располага и со 16 деловни простории, по осум од двете страни.

Во текот на 2025 година Општина Карпош ангажирала и фирма за инженерски анализи на конструкцијата, при што биле предвидени проверки на напрегања, деформации и состојбата на објектот.

Додека „Влајко“ е затворен, граѓаните можат да го користат блискиот пешачки премин со семафори на булеварот „Партизански одреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување…

Голем удар врз руската технологија: Дронови погодиле…

Војната меѓу Русија и Украина влезе во…

Мицкоски со порака од Брвеница: Ако се…

„Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме…

Нов вандалски чин во Влае: Пешачкиот премин…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…