НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран притвор: Обвинение за три кривични дела во случајот со Сара во Охрид

t

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против едно лице во случајот со физичкиот напад врз Сара. Обвинителството го товари за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Заедно со обвинението, до Основниот суд во Охрид е доставен и предлог за определување притвор.

Според обвинението, при вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил Сара, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил нејзината сигурност.

Од ОЈО Охрид соопштија дека јавниот обвинител во текот на денот презел повеќе дејствија за да ги утврди околностите на настанот. Сара била испитана во присуство на социјалните служби, а по наредба на обвинителот било извршено вештачење за да се утврдат видот и карактерот на нејзините повреди.

Обвинителството наведува дека обвинетиот бил обезбеден од почетокот на постапката. За предлогот за притвор одлучува Основниот суд во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВИ ДЕТАЛИ – потврдено дека е побаран…

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против…

САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…

Американските власти ги повикаа своите граѓани во…

(Видео) Како татко, како брат и сопруг…

Ова мое денешно обраќање требаше да биде…

Се преврте брод полн со жито: Бугарија…

Бугарските власти денеска добија повик за помош…

Вајц: Македонија треба да биде предводник во…

Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на…