САД со безбедносно предупредување за своите граѓани во Европа пред празниците
Американските власти ги повикаа своите граѓани во Европа да бидат особено внимателни на празничните манифестации, на местата со големи гужви и во транспортните центри. Безбедносното известување, објавено на 13 ноември од американската амбасада во Москва, се однесува на цела Европа.
Во известувањето се посочува дека големите јавни собири може да бидат цел на терористички групи или поединци, како и на криминални активности. Меѓу местата каде што се препорачува зголемена претпазливост се празничните пазари, трговските центри и популарните туристички локации.
На американските граѓани им се советува да ги избегнуваат демонстрациите и местата со засилено полициско присуство, да ги следат локалните медиуми и да постапуваат според упатствата на полицијата и службите за итни случаи.
Амбасадата предупредува и на можни нарушувања во сообраќајот за време на празниците. Во известувањето се наведува дека во ноември лажни закани за бомби го нарушиле авиосообраќајот во повеќе европски земји. На патниците им се препорачува да проверат кај авиокомпанијата дали има промени во распоредот на летовите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД со безбедносно предупредување за своите граѓани…
Американските власти ги повикаа своите граѓани во…
(Видео) Како татко, како брат и сопруг…
Ова мое денешно обраќање требаше да биде…
Се преврте брод полн со жито: Бугарија…
Бугарските власти денеска добија повик за помош…
Вајц: Македонија треба да биде предводник во…
Функционалното владеење на правото, доследното спроведување на…
Предметот за претепаната Сара во Охрид одземен…
Предметот за бруталното претепување на младата Сара…