Нови снимки во судницата: Стојанче ја удира Ивана пред Кривичниот суд, па и се смее откако полицијата доаѓа и за брзо си заминува

t

Во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет за три дела, меѓу кои и наведување на самоубиство на својата сопруга Ивана, чиј живот заврши со пад од балкон во скопската населба Тафталиџе, заедно со шестгодишната ќерка Катја. Судењето е во фаза каде се изведуваат материјалните докази на Обвинителството, а на наредните рочишта се очекува да се произнесе и одбраната на Јовановски.

Обвинителката презентираше две видеоснимки од периодот кога Стојанче Јовановски заедно со Мартин Саздов и Ивана пристигнуваат кај Кривичниот суд со возилото на Саздов, критичниот ден на 2 март, околу 11 часот и 30 минути, односно два часа пред самоубиството.

На снимките се гледа како обвинетиот Јовановски гестикулира со рацете, вика, па објаснува нешто, по што ја удира Ивана со шлаканица по левата страна од лицето. Камерата снимила дека присутен на настанот бил и Мартин Саздов, а регистрирано е и дека Ивана се јавува на телефон да повика полиција. Полицијата доаѓа на местото во делокругот на судовите, разговара со Мартин, со Ивана и со Стојанче. По разговорот, потпишуваат некакви документи и сите си заминуваат. Стојанче ѝ се смее на Ивана откако полицајците го напуштаат просторот, сите тројца влегуваат во возилото и заминуваат од судот.

На втората снимка пак, се гледа како Ивана повикува полиција повторно. Податоците извлечени од мобилниот телефон на Стојанче Јовановски не беа презентирани во судница, но беа доставени во судските докази против него од страна на Обвинителството. Беше доставен и договорот за дар на станот, обдукциските извештаи, извештаи од Центарот за социјални работи Скопје, документација од Клиниката за дигестивна хирургија, како и извештаи од претресот на станот.

Обвинителството презентираше и вешт наод и мислење во кое еден психолог и еден психијатар, како вешти лица, утврдиле јасна и директна причинско-последична врска меѓу долготрајното семејно насилство на Стојанче Јовановски и психичката состојба на неговата сопруга Ивана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови снимки во судницата: Стојанче ја удира…

Во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето против…

Обвинителот Смилевски го презема случајот „Талир 2“,…

Нов обвинител го презеде предметот „Талир 2“,…

Димитровска влезе во судница: Мислам дека не…

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување…

Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче…

Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува…

И Стојанче ја пријавувал Ивана за семејно…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во продолжението на рочиштето…