Димитровска влезе во судница: Мислам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета

t

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, која е обвинета дека оддала службена тајна на Небојша Стојановиќ, обвинетиот во случајот „Адитив“, денеска во судница се изјасни дека не чувствува вина.

Димитровска вели дека не се чувствува виновна, ниту дека ревизорот Миле Столевски во нејзино име го полагал тестот после кој таа добила сертификат со највисок степен на доверливост „државна тајна“.

„Ја разбирам содржината на обвинението и не ги признавам делата. Не се чувствувам виновна и мислам дека не сум сторила ништо за што сум обвинета“, рече Димитровска.

После тоа, судењето продолжи со изведување на докази.

Татјана Димитровска си даде оставка од функцијата претседател на Антикорупциската комисија под притисок на јавноста, а откако Јавното обвинителство против неа поднесе обвинителен предлог за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат.

Истрагата почна откако беше анализирана телефонската комуникација на Небојша Стојановиќ, поранешен директор на ТЕЦ Неготино и обвинет во случајот „Адитив“. Во обвинението е наведено дека Димитровска преку апликации за комуникација му давала на Стојановиќ доверливи податоци за поведени постапки, отворање предмети против правни и физички лица, службени белешки, како и информации за проверка на имотната состојба на обвинетиот и неговото семејство.

Освен тоа, Димитровска се гони и за тоа што ги дала нејзините логови на колега ревизор за да полага во нејзино име за сертификат за класифицирани информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството бара осуда, одбраната ослободителна пресуда за…

Обвинителството во завршните зборови за предметот во…

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

Странската комисија утврдила сомнителни наоди кај девет…

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше…

Левица: Скандалозен избор на Зајковска во ДКСК

Вчерашната одлука на собраниската комисија со која…