Нов „страшен“ резултат за Ѓуретановиќ – македонски рекорд за историјата!

Maкедонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ исплива уште една фантастична трка во која сруши рекорд.
Ѓуретановиќ стана првиот македонски пливач кој успеал да исплива 400 метри слободно во 50 метарски базен под четири минути и тоа го направи на свои 17 години.
Рекордот Ѓуретановиќ го постигна на меѓународното натпреварување во Ниш каде што исплива за време од 3:57.75. Претходно македонскиот рекорд го држеше Марко Блажевски со време од 4:00:53.
Денешното време на Ѓуретановиќ беше и за речиси девет секунди подобро од времето на Олимписките игри летово во Париз, а со истото би бил и пред седум пливачи во Париз.
Во Париз македонскиот пливач заврши последен со време од 04:05:38.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот одлучи: ПРИТВОР ЗА СИТЕ СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ…
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен…
Министерство за здравство со најнови информации за…
Министерството за здравство информира за состојбата на…
ФК Шкупи тагува по Лазаров: Фудбалерите се…
Фудбалскиот клуб Шкупи тагува по својот играч…
Седум локации – МВР забрани да се…
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…
Социјалните мрежи вријат: „Облечете униформи, од утре…
Социјалните мрежи вријат, граѓани на Прилеп на…