Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

t

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства на повозрасни и немоќни жени и за два обиди за убиство. Обвинението предвидува можност за доживотна казна бидејќи тој се товари дека со умисла лишил од живот повеќе лица.

Во завршните зборови пред Основниот суд во Куманово, јавниот обвинител Љубомир Лапе побара најстрога казна, оценувајќи дека жртвите биле избирани меѓу повозрасни и немоќни жени и дека биле напаѓани додека биле сами.

Според Обвинителството, вештачењата покажале дека делата биле извршувани од ниски побуди, односно со намера за задоволување полови нагони врз мртви женски тела. Обвинителството смета дека кај обвинетиот постои висок ризик од повторување на кривичните дела и дека не гледа можност за негова ресоцијализација.

„Едноставно не гледам како би можел повторно да се вклопи во општеството“, посочил обвинителот во завршниот збор.

Одбраната, пак, побара судот при одмерувањето на казната да го земе предвид фактот што Бојковски признал три од четирите убиства за кои е обвинет и изразил каење. Едно од убиствата го оспорува, како и мотивите за двата обиди за убиство.

Кон кривичниот прогон се приклучија и семејствата на жртвите, кои побараа отштета и очекуваат судот да донесе одлука која, како што посочија, ќе има и превентивно значење за општеството.

Пресудата во предметот е најавена за петок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Зеленски предупреди на можен масовен руски…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Киев…

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Случајот се…

Обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола…

Француските ученици остануваат на улиците се додека…

Нов бран ученички протести ја зафати Франција,…

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…