Обвинител изврши увид на местото на пукањето во Арачиново: Се бараат снимки од камери!

t

Основното јавно обвинителство Скопје информираше попладнево дека во врска со денешното пукање кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со градоначалникот, дежурен јавен обвинител од извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења.

Од ОЈО додаваат дека „ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видеонадзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“.

Претходно, Министерството за внатрешни работи излезе со официјална потврда дека во СВР Скопје бил е пријавен инцидент во кој на влезот на село Арачиново, машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, кој бил заедно со уште неколку лица.

Во нападот се повредени две лица, но меѓу нив не е градоначалникот, а демантирани беа и информациите за повреден полициски службеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанушев повторно ги крие бугарските фирми од…

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, повторно…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Поднесена е кривична пријава за обидот за…

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан…

ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот…

Врз основа на поднесено писмено известување од…

Бојкот на лекарите на Детска Клиника: Утринава…

На Детската клиника утринава имало бурен стручен…