Објавено на:

Обединетите Арапски Емирати спречија катастрофа: Пресретната и уништена балистичка ракета

t

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа балистичка ракета истрелана од јеменските бунтовници Хути, во моментот кога израелскиот претседател Исак Херцог беше на прва посета на ОАЕ.

Министерството за одбрана на Емиратите соопшти дека ракетата била пресретната и уништена, како и дека нејзините остатоци паднале на ненаселена област, пренесува Ројтерс.


Не е наведено дали проектилот бил насочен кон најголемите градови во ОАЕ, Абу Даби или Дубаи, деловни и туристички центри од Блискиот Исток.

Управата за цивилно воздухопловство на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека воздушниот сообраќај во таа земја од Персискиот залив се одвива вообичаено и дека сите летови функционирале непречено и покрај нападот, јави државната новинска агенција ВАМ, пренесе Танјуг.

Претходно, портпаролот на бунтовничкото движење Хути во Јемен тој рече дека ќе открие детали за нова воена операција длабоко во Обединетите Арапски Емирати во следните неколку часа.

Оваа информација е објавена на Твитер, без дополнителни детали, иако од ОАЕ нема потврда дека земјата е цел на јеменските бунтовници, пренесе Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во одвоени случаи нападнати тројца малолетници во…

Две малолетнички и еден малолетник во три…

Џонсон утре ќе ги посети ОАЕ за…

Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе отпатува во Обединетите…

(Видео) Маж обвинет за убиство нападна членови…

Маж од Линдхерст беше обвинет за две…

Жена од Росоман се скарала со сопругот…

На 05.05.2022, полициски службеници од ОВР Kавадарци…

(Видео) Руските новинари продолжуваат со закани: “Една…

Водителот на руската државна телевизија „Русија 1“, Дмитриј…