Обединетите Арапски Емирати спречија катастрофа: Пресретната и уништена балистичка ракета
Обединетите Арапски Емирати пресретнаа балистичка ракета истрелана од јеменските бунтовници Хути, во моментот кога израелскиот претседател Исак Херцог беше на прва посета на ОАЕ.
Министерството за одбрана на Емиратите соопшти дека ракетата била пресретната и уништена, како и дека нејзините остатоци паднале на ненаселена област, пренесува Ројтерс.
Не е наведено дали проектилот бил насочен кон најголемите градови во ОАЕ, Абу Даби или Дубаи, деловни и туристички центри од Блискиот Исток.
Управата за цивилно воздухопловство на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека воздушниот сообраќај во таа земја од Персискиот залив се одвива вообичаено и дека сите летови функционирале непречено и покрај нападот, јави државната новинска агенција ВАМ, пренесе Танјуг.
Претходно, портпаролот на бунтовничкото движење Хути во Јемен тој рече дека ќе открие детали за нова воена операција длабоко во Обединетите Арапски Емирати во следните неколку часа.
Оваа информација е објавена на Твитер, без дополнителни детали, иако од ОАЕ нема потврда дека земјата е цел на јеменските бунтовници, пренесе Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
Саудиска Арабија ги нападна Хутите, САД нападнаа…
Саудиска Арабија започна воздушни напади врз Хутите…
Најмоќните пасоши за 2026 година: ОАЕ е…
Додека европските земји го сочинуваат мнозинството меѓу…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…