Зеленски пристигна во Обединетите Арапски Емирати
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговата сопруга неочекувано пристигнаа во Обединетите Арапски Емирати.
Зеленски најави дека таму ќе разговара за ослободување на украинските затвореници – ОАЕ често дејствува како посредник меѓу Украина и Русија.
Претходно беше соопштено дека се подготвуваат за посетата на Зеленски на Саудиска Арабија, каде што се очекуваат преговорите меѓу САД и Русија. Од кабинетот на украинскиот претседател соопштија дека Украина нема да учествува во овие преговори, но вчера стана јасно дека министерката за економија на Украина, Јулија Свириденко веќе е во Саудиска Арабија. Таа самата објави дека е во Ријад за да подготви посета на Зеленски.
„Во наредните денови ќе имам десетици состаноци за да ја подготвам посетата на претседателот Володимир Зеленски на Саудиска Арабија“, рече Свириденко.
Претседателот Доналд Трамп ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија до крајот на февруари, потврди вчера Newsweek. Датумот на средбата најверојатно ќе биде 28 февруари. Трамп денеска повтори дека Зеленски ќе учествува на состанокот во Ријад. Запрашан дали се согласува со зборовите на Зеленски дека Русија е закана за НАТО, американскиот претседател рече: „Не, не се согласувам. Воопшто не“. „Доколку Русија сака да ја продолжи војната во Украина, тоа би било голем проблем за САД“, рече Трамп. “Мислам дека тој (Путин) сака да престане да се бори. Тие имаат голема, моќна (воена) машина, го разбирате тоа. Го победија Хитлер и го победија Наполеон. Се бореа долго време. Тоа го правеа и порано. Но, мислам дека тој би сакал да престане да се бори”, додаде тој.
Саудиска Арабија го иницираше состанокот со покана на претставници од САД, Украина и Русија да се соберат во Ријад за да разговараат за тоа како да се стави крај на конфликтот, кој ќе влезе во својата четврта година за неколку дена.
Арапските домаќини сакаат средбата да се одржи пред почетокот на светиот месец Рамазан, кој годинава почнува на 1 март.
Блумберг објави дека повеќето европски претставници не биле информирани за состанокот, повикувајќи се на анонимен извор. Саудиска Арабија очекува присуство на претставници на Украина. Во четвртокот Трамп навести дека Украина ќе учествува на состанокот.
Подготовките за оваа средба всушност почнуваат денес или утре. Пратеникот за Блискиот Исток – Стив Виткоу и советникот за национална безбедност Тим Валц – веќе се во Саудиска Арабија. Американскиот државен секретар Марко Рубио утрово го напушти Израел за Саудиска Арабија, откако на состаноците во Ерусалим ја потврди поддршката на САД за еврејската држава, пренесе АФП. Во Ријад, највисокиот американски дипломат ќе се сретне со саудиските лидери, а потоа ќе ги посети ОАЕ на неговата прва регионална турнеја на оваа позиција.
Руската страна најверојатно ќе ја претставуваат советникот за надворешна политика Јуриј Ушаков, шефот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин и шефот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмоќните пасоши за 2026 година: ОАЕ е…
Додека европските земји го сочинуваат мнозинството меѓу…
ОАЕ пресретнаа два дрона од Иран
Воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати во…
Ројтерс: ОАЕ го напуштаат ОПЕК+
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија дека ја…
Во Дубаи уапсен лидер на ирски картел
Лидерот на еден од ирските картели, Даниел…
Шеф на нафтена компанија од ОАЕ: Ормутскиот…
Ормутскиот теснец е затворен и Иран мора…