Објавено на:

Обид за атентат: Застрелан директор на руска компанија за производство на дронови во Тула

t

Директорот на руската компанија за развој на дронови, Андреј Черезов, е хоспитализиран денеска по вооружен напад во Тула, кој истражителите го третираат како обид за атентат, јавуваат руските медиуми.

Черезов, раководител на компанија која развива беспилотни летала, беше нападнат во Тула, град на околу 190 километри јужно од Москва.

Според рускиот портал Меш, непознат напаѓач го чекал Черезов на скалите од зградата и испукал три куршуми кон него.

Напаѓачот избегал од местото на настанот, а полицијата започнала потрага по него.

Официјалните информации за здравствената состојба на Черезов засега не се објавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за атентат: Застрелан директор на руска…

Директорот на руската компанија за развој на…

Големиот пожар се доближи на само 15…

Големиот шумски пожар што беснее во неколку…

По хиперхлорирањето, во водата во Гостивар се…

Водата во Гостивар во моментов останува да…

Почнува битката за шеф на ОЈО ГОКК

Обвинителите од цела Македонија за околу еден…

Клековски: Работиме на заокружување на набавките на…

Работиме на заокружување на набавките на нови…