Почнува битката за шеф на ОЈО ГОКК

t

Обвинителите од цела Македонија за околу еден месец ќе избираат нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на местото на актуелниот Ислам Абази, чиј мандат завршува на 8 ноември годинава. Со оглед на тоа што треба да се објави оглас 90 дена, односно три месеци пред истекот на мандатот, Советот на јавни обвинители веќе ја почна процедурата.

На последната седница, Советот реши да се објави огласот за избор на обвинител што ќе го предводи ОЈО ГОКК. Огласот е со важност од 10 август, кога одлуката треба да излезе во „Службен весник“. Тоа значи дека оттогаш, обвинителите што ќе сакаат да го водат Обвинителството што гони организиран криминал и висока корупција, ќе може да се пријават во рок од 15 дена од распишувањето на огласот.

Постапката за избор на шеф на ОЈОГОКК е предвидена во Законот за јавно обвинителство. Обвинителите по вторпат сами ќе го избираат, односно ќе гласаат за еден од кандидатите.

„Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција се избира од Советот на јавни обвинители, по спроведено гласање на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија. Советот на јавни обвинители го именува за основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција кандидатот што освоил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати што ги исполнуваат условите во согласност со овој закон“, пишува во членот 66 од Законот.

Неговиот мандат е предвидено да трае четири години и има право на повторен реизбор.

– За избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Советот на јавни обвинители распишува оглас што се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во најмалку две јавни гласила од кои едно е на службен јазик различен од македонскиот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија. По завршување на огласот, Советот на јавни обвинители изготвува листа од пријавените кандидати што ги исполнуваат условите предвидени со овој закон. Советот на јавни обвинители формира Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – предвидува Законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Живеат во страв за својот живот, маж…

Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…

ОЈО бара забрана за предавање за професорката…

Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…

Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…

ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…

ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…

Украле 3.5 милиони евра и избегале од…

Два цели денови им беа потребни на…