По хиперхлорирањето, во водата во Гостивар се појавила нова бактерија и затоа сè уште не може да се користи за пиење, рече Мицкоски

t

Водата во Гостивар во моментов останува да се користи исклучиво како техничка и сè уште нема насоки дека е безбедна за пиење и готвење бидејќи по извршеното хиперхлорирање е утврдено дека фекалните бактерии се целосно отстранети од мрежата, но поради долгото некористење и силното прочистување на инсталациите, сега во цевките се појавила нова резидуална бактерија, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски по разговорот што го остварил со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој вели оти активно се работи на терен и очекувањата се предизвикот да биде надминат во најбрз можен рок.

„Со хиперхлорирањето се појавиле во самите инсталации, очекувам и овој предизвик да биде надминат и откако ќе биде надминат тогаш очекувам да се одобри таа вода за пиење и користење“,кажа Мицкоски.

Во однос на обвинувањата од опозицискиот СДСМ оти власта задоцнила со реакцијата во Гостивар и нивните барања за одговорност, Мицкоски рече дека ваквите критики доаѓаат од човек за време на чиј мандат изгореа живи луѓе во модуларната болница во Тетово и кој е рекордер по бројот на починати од ковид-19, бидејќи наместо навремено да обезбеди вакцини, фокусот му бил на пиар-кампањи и дека во 2021 година, кога актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, беше министер за здравство, имало над 400 официјални пријави за неквалитетна вода во градот.

„Истата личност што денеска излегува во името на СДСМ беше директор на ИЈЗ, имаме преку 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар. Ништо не е преземено, нула, јас го повикувам Обвинителството да ги провери овие наводи за кои зборувам и да почне постапка зошто овие луѓе кога имале можност не презеле ништо и не го заштитиле здравјето на гостиварци, туку и на граѓаните во другите општини. Обвинителството мора да постапи по оваа информација и очекувам денес да влезат во ИЈЗ, АХВ и да ги провери овие наводи“,изјави премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…