Огласи на албански јазик за новите згради во Ѓорче – Левица реагира: ДПМНЕ се впушти во косоваризација на Ѓорче!

t

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на албански јазик за продажба на станови во истите тие згради во општината Ѓорче Петров.

На огласите се објавени зградите кои треба да се градат и оставени се контакт-телефони за заинтересираните.

Градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ се впуштија во брза косоваризација на Ѓорче Петров, реагираа претходно од Левица.

– Откако советниците од ДПМНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров, со претходен амин од министрите на СДСМ, го изгласаа криминалниот ДУП С3 16, веднаш се пристапи кон косоваризација на општина Ѓорче Петров.

ДУП-от СЗ 16, шверцерски, на вонредна седница се донесе на 17 февруари 2024 година, а според огласите од 15 март 2024 година, може да се заклучи дека шефот на урбаната мафија – Стојкоски, експресно брзо издал одобренија за градење, односно постапил по претходно договорен ,,дил”.

Имено, неодамна на косовски веб-портали осамнаа огласи за продажба на станови со локација на спорниот ДУП.

Становите веќе почнале да се продаваат, а во огласите се вели дека бетонските чудовишта би биле готови за 2 години.

Левица постојано апелираше за штетните последици од криминалниот ДУП С3 16. На оваа локација се предвидени над 20 висококатници односно над 30 станбени згради, над 3.000 станови, над 10.000 нови жители односно 2.675 нови возила.

Сето ова на сметка на водоснабдувањето на Ѓорче Петров и Скопје, трајно загрозување на бунарското подрачје и питката вода, канализациониот систем на општината, хуманото живеење и животната средина.

Единствено е непознаница за граѓаните на Ѓорче Петров колку од проценетите 240 милиони евра ќе завршат во џебот на основоположникот на косоваризацијата на Ѓорче Петров – Стојкоски и ДПМНЕ?!

За крај, го прашуваме градоначалникот Стојкоски: Дали училиштата во општина Ѓорче Петров се спремни за формирање на албански паралелки? – велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Македонскиот народ пати од кратка меморија,…

Македонскиот народ пати од кратка меморија. Македонскиот…

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности

Левица со апел до земјоделците да пријават неправилности Почитувани земјоделци, Деновиве сме сведоци на…

Сѐ уште нема конечен договор меѓу ЗНАМ…

– Сѐ уште нема конечен договор, тоа што…

Почнаа преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за…

Вчера вечер во просториите на Движењето ЗНАМ…