ОГРАБЕНА ФАБРИКА ЗА КАНАБИС ВО КАРБИНЦИ – Објектот бил обезбедуван од МВР!

Ограбена е фабрика за одгледување на канабис во во с.Радање, Општина Карбинци, дознава Инфомакс од сопствени извори, а од МВР го потврдија настанот. Точната количина, како што не информира од МВР се уште не е утврдена, за истото ќе биде соопштено подоцна, но според нашит еинформации се работи за поголема количина на канабис.
Дополнително, проблематично е што објектот бил обезбедуван од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи од петти март до овој момент, што значи дека некој практично им украл на МВР канабис.
Во продолжение информациите кои МВР ги потврди за Инфомакс:
– На ден 28.03.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип е пријавена кражба на стебла од запленет канабис од фабриката за која прашувате лоцирана во општина Карбинци. Извршен е увид на лице место и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Фабриката од 05.03.2025 година ја обезбедуваат полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип.
Инаку, во последните месеци не се евидентирани ниту пријавени било какви кражби во фабриката за одгледување на канабис за медицински цели лоцирана во с.Радање, Општина Карбинци, ни соопштија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…