Одбрана: Немаме официјална информација за намалување на ветената помош од САД
Од Министерството за одбрана немаат добиено официјална информација од САД во врска со најавите за намалување на воената помош, за која известија американските медиуми и светските агенции. Според информациите кои беа објавени Стејт департментот побарал од Конгресот на САД овластување за пренасочување на 52 милиони долари воена помош за Македонија, Словачка, Иран и Тунис, кон земји од Јужна Америка.
За тоа колку средства ќе бидат повлечени од воената помош која Македонија треба да ја добие од САД, од Министерството за одбрана за „Локално“ изјавија дека засега не може да коментираат додека не добијат официјално известување.
-Министерството за одбрана нема добиено официјална информација од САД во врска со најавите за намалување на помошта преку „Foreign Military Fond„ наменети за македонската Армија, велат од Министерството за одбрана.
Договорот за воена помош со САД значи дека од она што како средства за воена помош се предвидени за Македонија, државата треба да одлучи каков вид воена опрема ќе се набави од САД.
-Она што како институција сакаме да го нагласиме е дека односите со нашиот стратешки партнер САД се на највисоко ниво и дека нашата соработка во континуитет се развива. Процесот на модернизација на македонската Армија се реализира согласно плановите за модернизација и опремување, соопштија од Министерството за одбрана.
Целиот текст на Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбрана: Немаме официјална информација за намалување на…
Од Министерството за одбрана немаат добиено официјална…
Уапсен унгарски милијардер, поврзан со зетот на…
Унгарскиот милијардер Даниел Јелинек, поранешен деловен партнер…
Во Гостивар уапсен бегалец од затвор –…
МВР информира дека денеска во Гостивар, полициски…
Шведскиот премиер Кристерсон си поднесе оставка откако…
Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска поднесе оставка…
Блумберг: Германија ги враќа во функција бункерите…
Германија го подготвува здравствениот систем за воено…