Одложено рочиштето за „Државна лотарија“: Обвинителството ќе ги истражува оние што ги смениле исказите

t

Одложено е судското рочиште за Државна лотарија бидејќи сведокот предвиден за денеска, Надије Хоџа, е на службено патување во странство.

Вработената во оваа институција првично беше определена да дојде на 30 септември, но бидејќи последните две рочишта во септември беа одложени, сега таа не беше присутна во Кривичниот суд како сведок предложен од Обвинителството.

Следното рочиште ќе се одржи утре, со следниот сведок на обвинителството, Христа Најдова, исто така вработена во Државна лотарија.

Во меѓувреме, обвинителот Даниел Коцев изјави дека и првиот сведок, Вљадо Петковски, кој зборуваше во корист на обвинетите, ќе биде истражуван за тоа од кои причини го сменил исказот.

„Тој беше испрашуван во обвинителството како осомничен! Беше предложен како сведок за набавката на ВЛТ-апаратите, од непознати причини одлучи да го смени исказот што го даде во обвинителството. До овој момент немаме сознанија за какво било влијание. Тој дел се истражува, презедовме неколку дејствија во таа насока… Сведокот што беше определен за денеска дојде на 30 септември, така што ќе го разгледаме тоа. Се разбира дека ќе го истражуваме секој сведок што ќе ја смени изјавата, секако дека ќе го прашаме зошто го сменил исказот“, вели Даниел Коцев, Јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…

Велешанецот пријавен за измама со кубански вакцини,…

Велешанецот кој е пријавен за измами со…

Калас: Америка ја принудува Украина да се…

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја…

(Видео) Фрлен молотов коктел врз канцеларијата на…

Затишјето меѓу демонстрантите и полицијата во близина…

„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…

Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…