„Живеевме под советска чизма, не го сакаме тоа за нашите деца“: Протест во Софија се бараат оставки од Радев и Јотова
Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред претседателството во Софија, барајќи оставки од премиерот Румен Радев и претседателката Илијана Јотова поради нивната реакција на нападите врз трговски бродови во Црното Море, објави бугарскиот медиум „Свободна точка“.
Демонстрацијата, организирана од Форумот за демократска акција, се одржа под слоганот: „Вашиот ‘мир’ е капитулација. Вашата дипломатија е изолација“.
„Затоа што преживеавме доволно години комунистичко владеење и живеевме под советска, руска чизма, а не го сакаме тоа за нашите деца“, изјавила една од учесничките, претставена како Ани.
Ова е втор протест со барање за оставки од Радев и Јотова во рок од една недела. Претходната демонстрација се одржа на 15 октомври, исто така поради нивните позиции за нападите во Црното Море.
Според извештајот, на последниот собир имало повеќе учесници и засилено полициско присуство. Дел од граѓаните поминувале низ контролни пунктови за да пристапат до протестот, а биле распоредени и возила на жандармеријата.
Протестот го поддржале поранешниот министер за одбрана Тодор Тагарев, поранешната пратеничка од „Продолжуваме со промената“ Лена Бориславова и поранешниот бугарски амбасадор во Русија, Илијан Василев.
Претходно во текот на денот, Радев ги обвинил организаторите дека сакаат да ја обноват поранешната владејачка комбинација и да се вратат на власт со Бојко Борисов и Делјан Пеевски.
„Премиер од највисока трибина да нападне еден граѓански собир е жално и покажува слабост. Дури ни во времето на Бојко Борисов немавме вакви глупости“, одговорил еден од демонстрантите.
Незадоволството е поттикнато од одбивањето на бугарскиот државен врв директно да ја посочи Русија како одговорна за нападите. Според „Свободна точка“, во октомври биле погодени четири трговски бродови во близина на бугарските територијални води, а биле пријавени и два напада во романски води. Медиумот наведува дека загинале 23 лица и дека Украина и ЕУ ја обвинуваат Русија.
Радев и Јотова ги осудиле нападите, но не именувале извршител. Премиерот изјавил дека гледа „логика“ во можноста ударите да се руски, додавајќи дека нема доволно докази за директно обвинување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Живеевме под советска чизма, не го сакаме…
Стотици граѓани протестираа во вторникот вечерта пред…
Вучиќ за можноста од трета светска војна:…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, оцени…
Затворени три друштва за интернет-игри на среќа…
Државна лотарија соопшти дека презела мерки за…
Удар за сепаратистите во Канада: Алберта убедливо…
Гласачите во канадската провинција Алберта убедливо го…
НАТО ќе ги засили надзорот во Црното…
НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми…