Одрон во рудник за злато во Авганистан, загинаа пет рудари
Пет рудари загинаа во одрон во рудник за злато во северната авганистанска провинција Тахар, соопштија локалните власти.
Рудникот се наоѓа во областа Шах Мастан, во округот Чах Аб, изјави портпаролот на полициската команда во Тахар, Кари Накибула Масрур. Тој не соопшти други детали за несреќата.
Портпаролот исто така информираше дека претходно оваа недела биле спасени 10 рудари кои два дена биле заробени во друг рудник за злато во областа Самти, во истиот округ.
Засега не се познати точните околности под кои рударите биле заробени.
Одроните и уривањата на рудници се честа појава во Авганистан, земја богата со природни ресурси, меѓу кои железна руда, бакар, олово, цинк, злато, јаглен и скапоцени камења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одрон во рудник за злато во Авганистан,…
Пет рудари загинаа во одрон во рудник…
Талибанците одбележуваат 5 години повторно на власт,…
Талибанските власти и други официјални лица се…
2,4 милиони девојчиња исклучени од образование во…
Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се…
Светот се бори за бакар, Македонија има…
Падот на индустриското производство и намалувањето на…
17 лица загинаа во поплави, лизгање на…
Најмалку 17 лица загинаа, а 26 се…