Од „Алта банка“ во Битола повлечени околу два милиони евра, откри гувернерот Славески
Околу два милиони евра биле повлечени од „Алта банка“ АД Битола заклучно со вчерашниот ден, соопшти гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на денешната вонредна прес-конференција.
Според Славески, средствата биле повлечени во готовина, но и преку други трансфери.
„Според информациите со кои располагаме, заклучно со вчерашниот ден, во готовина и преку други трансфери, од банката биле повлечени околу два милиони евра“, изјави гувернерот.
Тој потсети дека поради зголемениот обем на трансакции, картичните услуги на банката биле привремено суспендирани. Сепак, нивното функционирање било повторно воспоставено денеска точно напладне, по што граѓаните повторно можеле да располагаат со средствата на своите сметки.
Славески појасни дека Народната банка сè уште нема целосни податоци за денешните повлекувања.
Во врска со новововедениот лимит од 10.000 денари неделно за одлив на средства од сметките на физичките лица, гувернерот објасни дека при утврдувањето на износот биле земени предвид просечната плата и просечната пензија, односно ориентациски месечен износ од околу 40.000 денари.
Тој изрази надеж дека ограничувањата ќе бидат краткотрајни, нагласувајќи дека банката продолжува да работи и поседува важечка дозвола.
Од Народната банка повторуваат дека воведувањето привремена администрација и ограничувањата за одлив на средства имаат цел да го заштитат имотот на банката и интересите на штедачите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Банките по Нова година со зголемена каматна…
Банките се во финални анализи и пресметки…
Американските банки најголеми финансиери на руските “јаглеродни…
Банки од САД и од Обединетото Кралство…
Украина планира да ги тужи западните банки…
Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…
Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…
Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…
Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…
Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…