Од Нова Градишка до Крушево: 930 километри во чест на Тоше Проески

t

Шестмина македонски велосипедисти денеска пристигнаа во Крушево, откако извозеа 930 километри од Нова Градишка, Хрватска, во рамките на велосипедската тура „Од срце за Тоше“.

Драган Јованов, Владимир Канзуров, Оливер Стојановски, Горанче Богоевски, Александар Гарача и Горан Стојанов тргнаа на 19 септември од Нова Градишка, а дневно поминуваа околу 150 километри. Турата годинава се одржува по деветти пат. По пристигнувањето во Крушево, велосипедистите се поклонија на вечното почивалиште на Тоше Проески на Гумење, а ја посетија и неговата спомен-куќа.

„Ова е деветта година по ред на велосипедската тура од Нова Градишка до Крушево. Како и претходните осум, така и оваа година носи измешани емоции – гордост и тага. Гордост што го имавме Тоше, човек со големо срце кој каде и да беше ширеше љубов и добрина, но и тага за неговото прерано заминување“, изјави Драган Јованов, иницијатор на турата.

Велосипедистите во текот на патувањето беа придружувани и од нивни колеги од Хрватска и Србија, кои се приклучија во оддавањето почит на Проески.

„Нашето срце ќе биде полно доколку со оваа наша мисија придонесуваме делата што ги остави Тоше никогаш да не бидат заборавени“, рече Јованов.

За велосипедистот Владимир Канзуров, пристигнувањето на Гумење секоја година е особено емотивен момент.

„Секоја година сме тажни што возиме за Тоше, а него го нема. Но сме и горди и со почит кон Тоше. Кога стигнуваме на Гумење, сфаќаме дека целта е исполнета. Срцето чука многу посилно“, рече Канзуров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Нова Градишка до Крушево: 930 километри…

Шестмина македонски велосипедисти денеска пристигнаа во Крушево,…

Макрон предупредува: Можно е руски напад врз…

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека не…

Клековски: Заврши пријавувањето за вработување на 300…

Заврши пријавувањето на повикот на Министерството за…

Лавров и Аракчи за ситуацијата во Иран:…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

„Безбеден град“ од 12 октомври се проширува…

Системот за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци „Безбеден…