Од силен ветер падна парче лим од покрив на зграда во центарот на Куманово
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.
Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.
Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.
– Со наша механизација се расчистува лимениот покрив, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…
Нов случај на затруено дете во Куманово,…
Уште еден нов случај на затруено дете…
Отежнати услови за слетување на авионите на…
Поради силен јужен ветер, кој го зафати…
Костовски: Советник од ЗНАМ нападна активисти на…
Во пресрет на завршувањето на изборната кампања,…
Шаини: Мојата госпоѓа не е вмешана во…
Докторот на скопската Клиника за пулмологија и…