Од стpec се yкочил и полицијата го извадила возачот што го прегази девојчето, тврди неговиот адвокат

t

Јавното обвинителство му побара притвор за 22-годишниот возач, кој на пешачки премин во Скопје ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш. На излегување од сослушувањето, адвокатот на возачот Душко Јанковиќ за А1он вели дека момчето било во шок, што го утврдиле и лекарите. Од преголем стрес, му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи.

Во изјавата, адвокатот го пренесува тврдењето на младиот возач дека не возел повеќе од 45-50 километри на час, а доказ за тоа е дека не се отвориле воздушните перничиња.

Викторија Николова ќе биде погребана денеска во 13.30 часот на гробиштата во Раклиш, Радовиш. Од прерано починатото девојче овие два дена се простуваат и познати и непознати луѓе, кои повикуваат институциите да реагираат за загубениот млад живот. На социјалните мрежи се споделува иницијатива додека трае погребот, да се одржи собир на раскрсницата кај трговскиот центар Сити Мол, каде беше прегазена Викторија, како последен поздрав.

Викторија почина на лице место во четвртокот вечер, откако врз неа налета возилото на 22-годишникот, кој не застанал на пешачкиот премин. Според Обвинителството, семафорите не работеле, а возачот не излегол да пружи помош. Со полесни повреди помина момчето на Викторија, кој е беше пуштен на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мексиканец, Косовец и седум Македонци уапсени со…

На 07/08.12.2023 во Спортски центар на подрачјето…

Исчезнатиот велешанец пронајден мртов, со автомобил излетал…

Велешанецот на возраст од 49 години, кого…

Вооружени лица ограбиле менувачница во Скопје

Две лица со употреба на оружје зеле…

Вечерва Тешки муабети со Стевчо Јакимовски

Не пропуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Општина Карпош крева глас против врсничкото насилство…

Работилниците против врсничко насилство кои компанијата „Макпетрол“…