Од утре нови мерки во Грција: Силна препорака посетителите да се тестираат два пати по пристигнувањето

t

Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре стапуваат во сила во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, соопштувајќи ги одлуките на Владата рече дека мерките се во две фази, првата е од утре, а втората од 3 јануари 2022 години, но за кои дополнително ќе одржи состанок надлежната комисија на епидемиолози.

Во втората фаза, по Нова година, мерките ќе се однесуваат на ноќниот живот, во однос на работното време на клубовите и баровите, на работа од дома, на спортските натпревари и евентуалното одржување без публика.

Плеврис, рече дека во секој случај,новите мерки нема да упатуваат на евентуален локдаун и целосен карантин, нема да се воведе задолжително праќање смс за секое излегување од дома, а волјата на Владата е да не се затворат училиштата.

Вчера комисијата на епидемиолози одржа состанок и излезе со конкретни препораки, кои Владата ги прифати, додека пак во понеделник, на 27 декември одново ќе заседава, за да ги разгледа новите податоци и да ги прецизира мерките за после Нова година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка…

Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка…

ВЛАДА, НЕМОЈ ДА СТЕ РЕАГИРАЛЕ! Грција ја…

До крајот на годината се очекува првите…

Карантин во цела Кина! Огромен број на…

Поради зголемувањето на бројот на заболени од…

Грција забрани извоз на огревно дрво

Владата на Грција забрани извоз на огревно…

Драма над грчкото небо: Борбени авиони вратија…

На меѓународниот аеродром во Атина синоќа пристигнале…