Од 1 септември српската полиција ќе ги обезбедува сите училишта во Србија
Полицијата од 1 септември ќе ги обезбедува сите училишта во Србија, а полициски службеници ќе бидат присутни пред, за време и по наставата во двете смени, соопшти денеска српското Министерство за образование.
Освен во училишните дворови, ќе се зголемат полициските патроли и во близина на училиштата, а ќе се контролира и регулира безбедноста во сообраќајот, беше соопштено по работната средба што денеска ја одржаа претставници на Министерството за образование и Министерството за внатрешни работи.
Раководителите на полицијата и училишните администрации, како и директорите на училиштата и началниците на полициските станици, интензивно работат на анализа на безбедносната состојба, со цел да се процени состојбата и да се преземат заеднички мерки за подигање на безбедноста на учениците и вработените на највисоко можно ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија купува оружје од Израел за 335…
Србија ќе купи напредни артилериски системи и…
Вучиќ: Залудно се надевате, власта во Србија…
Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи…
Од денеска само Србија, Унгарија и Турција…
Русија запре со испораките на гас во…
Вучиќ: За Србија 2024 беше добра година
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека…
Тешка сообраќајка во Србија – едномесечни близнаци…
Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад,…