Тешка сообраќајка во Србија – едномесечни близнаци се борат за живот
Во тешка сообраќајна несреќа кај Нови Сад, тешко се повредени две едномесечни близнаци, а како што пренесува српски „Телеграф“, новосадската итна екипа згрижила и превезла двајца мажи на возраст од (43) и (34) и една жена на возраст од 34 години.
Според портпаролот на Институтот за ургентна медицина, д-р Зоран Круљ, на помош на ургентното одделение во Жабаље дошла нивна екипа.
Сите со повеќе политрауматски повреди се пренесени на реанимација во Ургентниот центар.
Екипата на итната помош од Забаље превезла две бебиња.
Тие во тешка состојба се пренесени во одделението за реанимација на Заводот за здравствена заштита на деца и младинци од Војводина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Ги молам државните органи да си…
Носителот на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ,…
Иницијативи до РЕМ за одземање на лиценцата…
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…
Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека…
Премиерот Христијан Мицкоски денес телефонски разговарал со…
Легендарниот кошаркар Бодирога влегува во српскиот парламент
Легендарниот кошаркар и поранешен репрезентативец на СФР…