ОН: До 2100 година Македонија може да падне под 1 милион жители
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку продолжат актуелните демографски трендови, Македонија до 2100 година ќе се сведе на нешто помалку од 900 илјади жители, покажуваат податоците на ОН.
Според официјалните проекции на Државниот завод за статистика, доколку продолжат актуелните трендови, населението во земјава до 2070 година ќе се намали за околу 30% до 35% односно од почетните 1,83 милиони на околу 1,2 до 1,3 милиони жители.
Главните причини за негативните трендови во Македонија се континуираниот пад на фертилитетот и интензивното иселување на младите семејства.
Иако според тековните податоци на Евростат,Северна Македонија моментално има повисок удел на работоспособно население возраста од 20 до 64 години од просекот на ЕУ — 59,5% наспроти 58,3%, долгорочните прогнози укажуваат на остар демографски пад.
Проекциите на Обединетите нации се уште позагрижувачки.Според нивното средно сценарио, населението во Македонија ќе падне на 1,52 милиони до 2050 година, а до 2100 година ќе се намали за дури 52 проценти, со што во државата би живееле помалку од еден милион луѓе од околу 868.000 до 943.000 жители.
Со ваквиот проектран пад, Македонија се наоѓа на четврто место во Европа според брзината на депопулација, веднаш зад Украина, Албанија и Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОН: До 2100 година Македонија може да…
Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…